Ибрахимовиќ повторно во елемент: Што ќе ви се Нејмар, Мбапе и Меси кога ме нема мене – Богот на фудбалот

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно се најде на насловните страници на медиумите. Овој пат во разговор за Канал плус ја коментираше ситуацијата во ПСЖ, својот поранешен клуб во чии редови играше помеѓу 2012 и 2016 година.

Повторно во свој стил, коментираше дека откако тој не е во тимот, не е повеќе интересно и никој не зборува за тој клуб.

„Откако јас си заминав, немате што да зборувате. Не ми треба мене Франција, туку јас и требам на Франција. Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе кога го нема Богот на фудбалот?“, рече Ибрахимовиќ.

41-годишниот Швеѓанец и натаму игра фудбал и тоа во Милан. Во моментов го нема поради повреда, но се очекува да се врати на терените после Мундијалот во Катар.

Се вчитува...