Катар не препушта ништо на случајност: Организаторите на Мундијалот одгледуваат и „резервна“ трева

Следува најраскошното, а воедно и најконтроверзно Светско првенство во ова време. За организација на Мундијалот во Катар не се штедеше ниту на пари за исполнување на најосновните услови за игра. Не се штедеше ниту за тревниците на стадионите.

Седум нови стадиони и бројни терени за тренинг се изградени во и околу Доха за Мундијалот кој стартува на 20. ноември. Големо внимание се посветени и на тревниците.

За да не се случи уништување на тревниците поради високите температури, организаторите за осум стадиони на кои ќе се играат и за 136 терени за тренинг осигураа и „резервна“ трева. Увезена е голема количина на семиња, а на голема површина се направени резервни терени во случај да на било кој стадион треба да се менува тревата. Стотици тони семиња е увезена од САД во авиони со контролирана клима, а на фарма северно од Доха се наоѓа огромно поле на кое има 40 терени на кои се одгледува „резервна“ трева.

„Тревникот во Катар не би издржал ако нема вистинско семе поради климата и условите во Катар. Тревникот може да се премести во секое време, и да биде подготвен за игра за осум часа“, рече Дејвид Грем од одговорната компанија. 

За секој нов терен требало 50.000 литри вода дневно. Исто така користени се и хемиски коктели за да се заштити тревникот од инсекти и други штетници.

Се вчитува...