Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.
Четвртото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест нови возбудливи дуели по кои Гостивар остана единствениот непоразен тим во првенството, а Работнички сеуште ја бара првата победа. Натпреварот на колото му припадна на ТФТ кој со серија на тројки славеше против Еуро Никел, Кожув повторно ја одбрани Гевеглија, овој пат од Чаир 2030, Феникс беше доминантен против Куманово, во Битола Пелистер и Струмица броеја до 215 поени, а двата бода останаа во „Боро Чурлевски“ и во последниот меч МЗТ Скопје без проблеми ја доби Академија ФМП.
View this post on Instagram
Во идеалната петорка на колото место има за бекот на Феникс 2010, Андреј Митревски кој против Куманово стигна до првиот дабл-дабл учинок во сезоната. Младиот играч постигна 16 поени и 10 асистенции, а додаде и 5 скока.
Донтај Карутерс беше одличен во Битола каде броеше до 23 поени, а додаде и 6 асистенции и 3 скока, а нов одличен натпревар одигра Мирон Гордон кој против Чаир стигна до дабл-дабл од 25 поени и 10 асистенции.
Лахлан Андерсон беше „џокерот“ на ТФТ во натпреварот на колото. Австралијанецот постигна 20 поени со реализација 6/7 за три поени, а нов одличен меч имаше и Грузиецот Гиорги Корсантиа кој со нов дабл-дабл од 22 поени и 17 скока беше еден од најзаслужите за победа на гостиварци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

