Фердинанд: Роналдо никогаш нема да му прости на Невил (ВИДЕО)

Рио Фердинанд во својата емисија на „Јутјуб“ истакна дека не очекува помирување меѓу Кристијано Роналдо и Гери Невил по се што се случуваше во изминатите денови. Имено, Невил во една прилика изјави дека колку и да не и се допаѓа на јавноста, Тен Хаг досега бил само искрен со ѕвездата на Португалија.

Фердинанд беше запрашан дали верува дека тие ќе го поправат односот и дали Роналдо ќе биде тој што ќе се согласи на помирување дури и ако Невил прв му пријде.

„Мислам дека Роналдо не би ја прифатил таа покана ако види дека Невил го бара. Познавајќи го Роналдо, сметам дека тоа нема да се случи. Можеби во таа ситуација јас поинаку ќе реагирав и ќе се ракував со сите, а можеби и ќе им кажев Невил да внимава што зборува во емисиите … Знам дека порано играа заедно, но тие никогаш не биле во никаков посебен контакт. Не знам дали се слушнале неколку пати откако Роналдо го напушти Јунајтед. Кристијано сигурно го почитува Гери и тој го почитувал него кога играа заедно. Му пречеше тоа што го кажа и тоа е во ред за мене. Дали некогаш ќе се смират, мислам дека нема затоа што на Кристијано тешко да простува на такви искажани работи“, истакна поранешниот дефанзивец.

 

Се вчитува...