Тетовска Шкендија денеска објави дека се разделува од својот фудбалер, бразилскиот интернационалец Вагнер Гонсалвеш после само четири месеци соработка. „Кариоката“ одигра 10 натпревари на кои имаше само една асистенција, а беше дел и на четири меча во Лигата на конференции.
Дојде од екипата на Дила од Грузија, а во минатото беше дел од украинските Днипро и Кривбас, како и од Динамо Батуми, Сабуртало. Исто така играше и за Серкл Бриж и Бастија.
26-годишниот играч имаше и француско државјанство, а не е познато зошто се разделува со играчот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

