Стив Неш доби отказ во Бруклин Нетс

Стив Неш повеќе не е тренер на НБА „франшизата“ на Бруклин Нетс пренесуваат американските медиуми. Канаѓанецот доби отказ по очајниот старт на сезоната во кој тимот од Бруклин во првите седум мечеви забележа само две победи кои беа доволни за 13. место во Источната конференција.

Неш на клупата на Нетс седна во 2020 година, а во првата сезона нијанси го делеа да стигне до НБА финалето, откако во финалето на Истокот во седум меча загубија од шампионот Милвок Бакс.

Како замена за Стив Неш се споменува името на Име Удока која порад секс скандал беше избркан од Бостон Селтик, а во игра е и поранешниот тренер на Јута Џез, Квин Снајдер.

 

Се вчитува...