Реакција од Струга ТЛ: Каде Судиската комисија виде дека голот на Брегалница е регуларен!? (ВИДЕО)

Лидерот во домашниот шампинат Струга ТЛ реагира на извештајот на Судиската комисија по одиграното викенд-коло во Првата македонска фудбалска лига.

Според Судиската комисија голот на Брегалница за 1-1 во натпреварот со Струга ТЛ кој заврши без победник (2-2) е регуларен, но стружани преку видео-материјал тврдат дека е постигнат од очигледна офсајд позиција.

Од Струга ТЛ, како што велат, реагираат како би се запреле грешките на судиите во иднина, со оглед на тоа што се оштетени на последните три натпревари.

СООПШТЕНИЕТО ОД СТРУГА ТЛ ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Струга ТЛ се обиде да се воздржи од било каква реакција на судењето, но последната анализа на судиската комисија не принуди да побараме објаснување, како се анализирало истото. Посебно, сомнителната ситуација на голот на гостинскиот тим на Брегалница во 24-та минута од последниот натпревар, што директно влијае на исходот на натпреварот.
Во оваа прилика сакаме да ја изразиме и нашата огорченост од слабото и несовесно судење на зелениот терен, особено на последните натпревари, каде нашиот тим е оштетен на 3 од 4 одиграни натпревари (ова го потврдувате и самите во вашите анализи):
➖ 10-то коло, при резултат 0:0, досуден пенал во корист на противникот, екипата на Шкупи, натпреварот завршува 1:0 во нивна корист.
➖ Натпревар 1/8 од финалето од Купот против Работнички, поништен гол за офсајд позиција, чудна одлука со оглед на тоа што играчот кој ја удира топката е пред напаѓачот на нашиот тим кој постигнува гол.
➖ 13-то коло, при резултат 1:0 во наша корист, гостинскиот тим на Брегалница го постигнува израмнувачкиот гол, судијата оценува дека позицијата на играчот е регуларна и дозволува играта да продолжи.
Судиската комисија при Фудбалска Репрезентација на Македонија му дава право на крилниот напаѓач (снимките покажуваат нешто друго)
Грешки на судиите се случувале и ќе се случуваат и во иднина, и ние како клуб сме свесни за тоа и ги прифаќаме, но во последните 4 натпревари нашиот тим стана плен на грешки, во 3 од нив кои влијаат и на нашиот напредок, целите и состојбата на тимот во продолжение на првенството.
Неприфаќањето на грешката и потврдувањето со потполна сигурност не загрижува и не принудава на оваа реакција и воедно да побараме објаснување од судиската комисија како е можно во оваа ситуација да се изјаснуваат дека голот бил регуларен.
Кои се снимките кои им биле презентирани на оваа комисија, која со толкава сигурност го потврдува голот на гостинскиот тим❓❓❓
Ние како клуб не бараме да се стави прст на одредени судии и тие да бидат казнети, никако, туку бараме кога се прават грешки, тие да рефлектираат над нив и судењето да се подобри на зелениот терен, а исто така и имиџот на судиите и Судиската комисија за еден поубав фудбал и без влијанија.

Се вчитува...