Клоп не размислува за оставка, со 150 милиони евра ќе го „освежува“ Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема намера да даде оставка на местото менаџер на тимот. Шефот на „црвените“ го има најслабиот старт откако е тренер на тимот од Енфилд, и 15 бодови е од врвот на табелата, односно пет бодови од зоната за испаѓање.

Ливерпул претрпе порази од Нотингем и од Лидс, што го запали „алармот“ кај тимот, меѓутоа германскиот тренер не се чувствува загрозено.

„Можам да ви кажам дека Клоп нема намера да поднесе оставка. Ова сезона дојде до проблеми поради минатата интензивна сезона, и за тоа беа свесни и сопствениците на клубот. Јирген ужива целосна доверба од челниците и одлучен е да продолжи со транзицијата во Ливерпул. Не залудно го продолжи договорот до 2026 година“, кажа неговиот агент. 

Клоп сака да ја „освежи“ екипата на лето. Планирани се неколку имиња кои би можеле да стигнат на „Енфилд“. Еден од нив е Конрад Лајмер, играчот од средниот ред на Лајпциг. Освен него, тргнува во лов по еден од најталентираните играчи во моментов во средниот ред Џуд Белингем. Борусија Дортмунд вчера ја одреди цената за него и реши да бара 150 милиони евра. За него се уште заинтересирани и Челси, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Се вчитува...