Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ говорејќи за српските медиуми открива дека најголема енергија на теренот имал кога му се родиле неговите деца, Стефан и Тара.
Оваа тема доаѓа по одличниот турнир на Русинот Данил Медведев во Виена каде како татко стина до титулата на доминантен начин, а Србинот се потсети на своите најдобри сезони во 2014 и 2015 година кога освои трофеи на Вимблдон, Австралија Опен, УС Опен…
„Една од најдобрите сезони ја имав кога станав татко. 2014 и 2015 година. Осетив налет на енергија, мотивација. Но, ситуацијата се менува и повеќе вие не сте најважни. Одлично е да победуваш и да освојуваш турнири, да работиш напорно со својот тим, но кога сте дома приоритетите ви се менуваат, децата и мајката се најважни. Секој различно го доживува тоа, но за мене тие се најголемиот благослов во животот“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

