Челси ги менува Жоржињо и Канте со најперспективните англиски фудбалери

Ерата на Грам Потер на „Стемфорд Бриџ“ ќе донесе и нов двоец на средината на теренот. Англискиот стратег повеќе не смета на услугите на Жоржињо и Канте, а тие следното лето ќе бидат заменети со Деклан Рајс и Џуд Белингхам.

Деклан Рајс кој во минатото беше дел од младинската школа на „сините“ по одличните настапи за Вест Хем се поврзуваше со камбек во синиот дрес уште во времето кога Френк Лампард беше на чело на тимот, но тогаш до трансфер не дојде со оглед на преголемите барања на „чеканите“.

Раководството на Челси се промени, но Рајс останува желба на Челси. 23-годишникот се поврзува со премин во Манчестер Јунајтед, а тоа само го зголеми приоритетот на лондонскиот клуб кој ова лето ќе „го одврзе ќесето“ за неговите услуги.

Голема желба на Потер е и 19-годишниот Џуд Белингхам. Фудбалерот кој во моментот настапува за Борусија Дортмунд e еден од најперспективните на својата генерација, но за него „сините“ ќе мораат да водат битки против најголемите европски гиганти.

Се вчитува...