Иван Перишиќ по шест години поминати во Интер ова лето замина од Италија и се пресели во редовите на премиерлигашот Тотенхем. Таму хрватскиот репрезентативец одлично се вклопи и се наметна како еден од незаменливите играчи во составот.
Иксусниот 33-годишник одигра уште една неверојатна партија за „петлите“, овој пат во Лигата на Шампиони против Марсеј каде асистираше при првиот гол, а пред крајот го блокираше обидот на Алексис Санчез, спасувајќи го местото на својот тим во нокаут-фазата и десетици милиони евра за што доби оцена осум од популарниот „Софаскор“.
За импресивната партија во Франција тој доби пофалби и од навивачите на „нероаѕурите“, а многумина коментираа како не можат да веруваат дека клубот дозволил негово заминување.
„Се уште не можам да верувам дека Перишиќ го пуштиме да замине и тоa бесплатно, а се мачиме со Госенс на неговото место“
„Каков квалитет и во нападот и во одбраната. Зошто дозволивме Перишиќ за замине?“, беа дел од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА