Австралискиот тенисер Алекс де Минаур приреди вистинска сензација во 2. коло на последниот Мастерс од серијата 1000 кој се игра во „Берси арената“ во Париз откако славеше над Русинот Данил Медведев со 2-1 по сетови 6-4, 2-6 и 7-5.
Австралиецот одлично го отвори натпреварот добивајќи го првиот сет со 6-4. Русинот возврати на убедлив начин во вториот добивајќи го со 6-2. Во третиот следеше голема борба. Медведев при негатива од 4-5 спаси две меч топки, но немаше сила да го повтори истото и при резултат 5-6, па на крајот Австралиецот стигна до брејк и до победа.
Без поголеми проблеми до осминафинале стигна Гркот, Стефанос Циципас кој со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4 славеше над Британецот, Даниел Еванс. Во осминафиналето се пласираа и Лоренцо Музети од Италија и Американецот, Франсис Тиафо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

