ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Милан чекор поблиску до осминфинале, Динамо со негатива кај Челси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан се чекор поблиску до пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите откако по 45 минути имаат водство од 1-0 на домашен терен против австриски Салцбург во директниот дуел за последното место во нокаут фазата.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа уште во 14. минута од мечот со погодокот на францускиот интернационалец, Оливие Жиру. На „росонерите“ им е доволно и реми на овој меч за пласман меѓу 16 најдобри екипи на стариот континент.

Milan [1] – 0 Salzburg – Olivier Giroud 14'
byu/alexinup insoccer

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб имаат негатива од 2-1 на полувреме на гостувањето кај Челси. Гостите стигнаа до сензационално водство од 0-1 преку Бруно Петковиќ во во 7. минута. Сепак до крајот на првиот дел се се врати на свое место. Прво Стерлинг во 18. минута израмни на 1-1, додека Закарија во 30. донесе водство за домаќинот од 2-1.

Пари Сен Жермен и Јувентус играат реми 1-1, додека Севилја има изненадувачко водство од 0-1 на гости кај Манчестер сити.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 6. КОЛО: 

Милан – Салцбург  1-0

Челси – Динамо  2-1

Копенхаген – Борусија Д. 1-1

Јувентус – ПСЖ  1-1

Макаби Х. – Бенфика  1-1

Манчестер С. – Севилја  0-1

 

Се вчитува...