Кил и Алборг одиграа без победник 36-36 во неверојатниот натпревар одигран во Германија како дел од 6. коло од групата Б во новата сезона во ракометната Лига на шампиони.
Првото полувреме помина во неверојатен ритам и „ран ен ган“ ракомет, а по 30 минути игра домаќините имаа минимална предност од еден гол (17-16). Феноменалниот ракомет на двете страни продолжи и во вториот дел. Буквално ракометарите на двата тима погодуваа од секоја позиција, а во последните шеесет секоунди мечот влезе во егал 35-35.
Микола Билик на 45 секунди до крајот на мечот донесе водство од 36-35 за домаќините, по што гостите тргнаа во напад за реми. Веднаш реализираше Бартолд кој израмни на 36-36, а на семафорот останаа 12 секунди. Последниот удар не го реализираше Билик по што натпреварот заврши без победник 36-36.
Ерик Јохансон со девет гола беше прво име во таборот на домаќинот, додека кај гостите Микел Хансен заврши со седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА