Милан е последен патник во осминафинале, пораз на Динамо од Челси, ПСЖ ќе добие тежок противник (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Милан е последниот патник во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен во директниот натпревар за пласман во нокаут фазата славеше над австриски Салцбург со убедливи 4-0 како дел од 6. коло во групата Е.

„Росонерите“ до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Оливие Жиру во 14. минута. На 2-0 зголеми Раде Круниќ во 46. минута. Жиру со својот втор гол на натпреварот донесе водство од 3-0 за домашниот тим, додека конечните 4-0 ги постави Месиас во 91. минута.

Milan [3] – 0 Salzburg – Olivier Giroud 57'
byu/alexinup insoccer

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб ја завршија „европската одисеја“ за сезонава откако загубија на гостувањето кај Челси со 2-1. Со овој пораз Динамо заврши на последното четврто место во групата Е и со тоа нема да ја дочека пролетта во Европа. Двајцата македонски репрезентативци беа стартери за својот тим. Ристовски беше заменет во 70. минута, додека Адеми во 82.

Пари Сен Жермен славеше на гостувањето кај Јувентус со 1-2, но „светците“ ќе жалат бидејќи Бенфика го декласираше Макаби Хаифа со 1-6 и со тоа го освои првото мест ово групата Х. Двата тима имаат тотално иста гол разлика 16-7, а во меѓусебните мечеви одиграа 1-1, но поради повеќе постигнати голови во гости Бенфика е лидер

[deleted by user]
by insoccer

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 6. КОЛО: 

Милан – Салцбург  4-0

Челси – Динамо  2-1

Копенхаген – Борусија Д.  1-1

Јувентус – ПСЖ 1-2

Макаби Х. – Бенфика  1-6

Манчестер С. – Севилја  3-1

Се вчитува...