Словенската ѕвезда во НБА лигата, Лука Дончиќ имаше нов одличен натпревар проследен со дабл-дабл од 33 поени и 11 асистенции, а истот беше доволен неговиот Далас да забележи победа на домашен терен. Овој пат тексашкиот тим славеше против Јута со 103-100 која ја предводеше Кларксон со 22 поени и 8 асистенции.
По лошиот старт на сезоната во победничка серија влезе Лос Анџелес Лејкерс кој по продолжение го доби Њу Орлеанс со 120-117. До победа домаќините ги предводеше Вокер со 28 поени, додека Вилијамсон беше најрасположен кај гостите со 27 поени, 7 асистенции и 5 скока.
Во останатите натпревари:
Кливленд – Босон 114-113
Мајами – Сакраменто 110-107
Њујорк – Аталанта 99-112
Чикаго – Шарлот 106-88
Хјустон – Клиперс 101-109
Милвоки – Детроит 116-91
Сан Антонио – Торонто 100-143
Портланд – Мемфис 106-111
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

