Германија ќе се обиде да го врати Тони Крос во репрезентацијата за Мундијалот во Катар, јавува „радио Марка“. Играчот на Реал Мадрид кој се наоѓа во голема форма, се откажа од националниот тим после ЕП минатата година.
Наводно челни луѓе на репрезентацијата веќе стапиле во контакт со фудбалерот од средниот ред, да ја испитаат можноста да се премисли, и да го одигра уште овој Мундијал, за да и помогне на Германија да дојде до петтиот шампионски трофеј.
Сепак, од „Марка“ јавуваат дека тоа ќе биде многу тешко, со оглед дека неодамна во интервју Крос потврди дека ќе го гледа Мундијалот во Катар од телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА