„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ако сакаш да поминеш група во ЛШ, земи си италијански тренер

Италијанските тимови одлично играат сезонава во Лигата на шампионите и во нокаут фазата имаат три претставници, единствено Јувентус не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето.

Покрај тоа што италијанските тимови одлично ја поминаа групната фаза, исто така и тренерите од оваа држава имаа одлична европска есен. Вкупно пет италијански тренери ги поминаа групите во Лигата на шампионите, што е досега рекорд за оваа земја.

Покрај Спалети, Пиоли и Инзаги кои се на кормилото на калчолигашите (Наполи, Милан и Интер) во нокаут фазата ќе бидат и Карло Анчелоти со Реал Мадрид, како и Антонио Конте со Тотенхем.

 

Се вчитува...