Челси ја заврши работата против Динамо, славеше очекуван триумф (2-1) и од првата позиција во групата се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите. Рутинскиот триумф на Челси против Динамо Загреб ќе остане во сенка на повредата на еден од најдобрите играчи на „сините“, фудбалерот кој требаше да ја претставува Англија на претстојното Светско првенство во Катар.
Бен Чилвел се повреди во судиското надополнување на натпреварот на Стемфорд Бриџ, се здоби со повреда на тетивата. По мечот за тоа проговори и Греам Потер, менаџерот на Челси, кој посочи дека шансите Чилвел да игра во Катар се речиси нула.
„Мораме да гледаме, но тоа воопшто не е позитивно. Во една ваква позитивна вечер, тоа е последното нешто што сакавме да се случи. Разговаравме накратко. Чувствуваше нешто додека заминуваше и тоа беше се. Тој е разочаран и многу лут“, изјави Потер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

