Де Хеа нема намера да замине од Манчестер Јунајтед

Договорот на Давид де Хеа со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната, но се поголема е веројатноста дека шпанскиот чувар на мрежата ќе остне на „Олд Трафорд“ и во иднина. Тоа е и желбата на 31-годишникот кој со доаѓањето на Ерик тен Хаг гледа на шанса за освојување на трофеј.

Голманот кој воедно и еден од најплатените играчи во тимот со неделна плата од 430 илјади фунти нема ништо против да ги намали примањата за доброто на клубот, но сепак конечната одлука ќе ја донесе холандскиот стратег кој неодамна изјави дека неговата судбина ќе биде позната за време на Светското првенство.

Де Хеа е дел од Манчестер Јунајтед од 2011 година и досега одигра повеќе од 500 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“. Во последниот натпревар против Вест Хем беше и еден од најзаслужните за триумфот со неверојатни одбрани во самиот финиш.

Се вчитува...