Аргентина важи за еден од претендентите за шампионската титула на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар од 20. ноември до 18. декември. „Гауросите“ на големо се подготвуваат за најверојатно и последниот настап на Лео Меси на Мундијалот, а за подготовките имаат и посебно барање до клубовите во кои настапуваат нивните играчи.
Имено, Фудбалската ферација на Аргетнина неодмна испратила барање до десетина клубови Аргентинците да бидат ослободени во последното коло од домашните шампионати. Ова барање експресно е одбиено од страна на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а засега останува непознат одговорот на останатите клубови.
Со оглед на густиот распоред и важноста на натпреварите мала е веројатноста дека и оснатите клубови ќе ја испочитуваат желбата на аргентинската федерација. Единствен кој со сигурност ќе биде ослободен од клупските обврски е Лео Меси кој во договорот со ПСЖ има посебна клаузула каде приоритет е настап за Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА