Никола Митревски и неговиот Порто по шест одиграни натпревари во Лигата на Шампионите сеуште не знаат за победа. Последен кој славеше над португалскиот тим беше ПСЖ кој без големи проблеми славеше со 32-30.
Порто успеваше да се одржи во игра во првото полувреме во имаше и егал, но мораше да се задоволи само „минус два“ (17-15). Домашните ракометари ја превземаа иницијативата во продолжението, а со мини серии во вториот дел стигнаа до највиските 26-19 со што беше одлучен победникот.
Македонскиот голман имаше солиден натпревар бранејќи шест противнички обиди, но не можеше сам да ги запре расположените „светци“. Неговиот колега Франдсен не успеа да „фати“ ниту еден од седуммте обиди упатени кон неговиот гол.
Предводник на ПСЖ со 11 гола беше Пранди, а него го следеше поранешниот вардарец Криштопанс со девет. Турин реализираше шест обиди за Порто, а Салина и Плаза Хименез по четири.
За разлика од Порто, Веспрем остнаува непоразен и по шест средби. Последен кој налета на патот на Унгарците беше Висла Плок која беше совладана на домашен терен со 26-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА