Европска пролет за Елмас, Алиоски, Барди и Тричковски, Партизан ќе ја брани екс-ју честа

Елиф Елмас, Енис Барди, Езгјан Алиоски и Иван Тричковски остануваат Македонците кои ќе се натпреваруваат во европските пресметки престојната пролет.

Елмас и неговиот Наполи местото во осминафиналето од разигрувањето во Лигата на Шампиони го заверија како први во групата во која беа уште Ливерпул, Ајакс и Ренџерс, додека од првата позиција, но во разигувањето во Лига Европа ќе тргне и Езгјан Алиоски со неговиот Фернербахче.

Трабзонспор со победата во последното коло од групната фаза во Лига Европа го осигура третото место зад Ференцварош и Монако со што продолжува во Конференциската лига, исто како и Иван Тричковски и неговата АЕК Ларника.

Ердал Ракип и Малмо како посленоплирани во групата „Д“ го завршија европското натпреварување оваа сезона, а иста е иднината и на Стефан Спировски и неговиот Пјуник кои групната фаза од Конференциската лига ја завршија на третото место.

Три тима од поранешна Југославија се натпреваруваа во групната фаза од европските натпреварувања оваа сезона, а понатаму продолжува само еден. Динамо Загреб беше елиминиран како последнопласиран од Лигата на Шампиони, а Црвена Звезда на ист начин од Лига Европа. Единствен кој ќе ја брани честа на екс-ју фудбалот е Партизан кој ќе се натпреварува во 1/16 од Конференциската лига.

Се вчитува...