Барселона ја продолжи победничката низа во Лигата на Шампиони откако во 6. коло славеше во дербито против Нант со 34-29. Шпанскиот и францускиот состав одиграа неизвесен меч, а победникот беше одлучен во последните минути.
Натпреварот го отслика изедначено темпо во кое двата тима не успеаваа да направат предност поголема од два разлика. Во првото полувреме играта во серија донесе блага предност за двете страни, а на одморот заминаа со резулат 16-17. Текот не се промени ни во поголемиот дел од вторите 30. минути, но прв иницијативата ја превзема домашниот тим кој стигна до посакуваните +3 (30-27), а продолжи во ист ритам и до крајот.
Фабрегас со шест гола беше лидер на Барслона, а со по пет него го следеа Јанц и Нгуесан. Осум гола за Нант постигна Брие, а Персон и Ривера броеја до пет.
Jornada 6 @ehfcl @FCBhandbol 3⃣4⃣@HBCNantes 2⃣9⃣
FINAL
📺 @esport3 & @DAZN_ES
🏠 Palau Blaugrana
🔵🔴 #ForçaBarça pic.twitter.com/kNRyaRtkJV— Barça Handbol (@FCBhandbol) November 3, 2022
На победа се радуваа и Гог кој доби неизвесниот дуел против Магдебург со 33-32 благодарение на гол во последните секунди, како и Кијелце кој влезе во серија од четири последователни победи откако славеше со 37-30 против Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА