Откриени причините за неочекуваното пензионирање на Пике и колкав долг ќе и прости на Барселона!

Легендарниот дефанзивец на шпанската репрезентација и икона на Барселона, Жерард Пике објави дека во сабота ќе го игра последниот официјален натпревар во кариерата. Пике за Барселона одигра 615 натпревари, а последниот ќе го игра против Алмерија во 13. коло од шпанскиот шампионат.

Марка наведува дека Пике не се чувствувал воопшто заштитен од клубот по оркестираната кампања насочена против него посебно по мечот со Интер во Лигата на шампионите. Дури и пооделни членови на раководството постојано му приговарале дека неговата плата е оптеретување за клубот се до 2024 година и дека ситуацијата би се нормализирала со негово заминување.

Според пишувањата на шпанските медиуми, еден од капитените на Барса на клубот ќе му прости долг од дури 30 милиони евра. Се работи за сума која клубот му ја долгува поради пандемијата, но и од приходите од кои Пике се откажа од сегашниот договор кој трае до 2024 година. Пике пред пандемијата заработувал околу 28 милиони евра годишно и беше меѓу најплатените клупски играчи, а прв се согласи на намалување на договорот за време на пандемијата како би можел клубот нормално да функционира.

Пораки со благодарност и поддршка за него испратија и неговите поранешни соиграчи од Барселона и од репрезентацијата, Карлос Пујол, но и Серхио Рамос.

„Ти благодарам на се Гери. Во шок сум. Не беа коректни кон тебе, само ретки го бранеа дресот на Барселона како тебе. Беше привилегија да се игра со тебе, те сакам“ – порача Пујол.

А, се огласи и Рамос со кого Пике во минатото имаше многу несогласици, но се чини дека имаа повеќе од коректен однос.

„Гери, ќе ти кажам на андалузијски: Не може да ти ја одземат среќата. Уживај во животот“ – е пораката од дефанзивецот на ПСЖ.

Се вчитува...