Калин Ивановски во драматичен меч загуби од четвртиот носител во четвртфиналето на турнирот во Израел

Прекината е серијата од седум едноподруго победи на македонскиот тенисер Калин Ивановски на ИТФ фјучерс-турнирите.

Македонскиот тенисер загуби во драматичен меч од четвртиот носител Цукерман од Израел во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Ерусалим, Израел.

Уште еден повеќе од квалитен натпревар одигра Ивановски, но загуби со 4-6, 6-7 (6) од Цукерман.

Минатата недела, како што е познато, Калин Ивановски беше победник на ИТФ турнирот во Ираклион на Крит, а и во Ерусалим мина две кола со извонреден настап денеска заокружен и против четврторангираниот носител од Израел.

Се вчитува...