Се е подготвено за стартот на Европското првенство во ракомет за жени што официјално почнува денеска во Словенија, а од утре ќе стартуваат и возбудувањата во Скопје, во една од групите чиј домаќин ќе биде токму Македонија.
Ракометната Федерација на Македонија донесе ново големо натпреварување во нашата земја, а ракометарките се подготвени за големиот предизвик, битките со Франција, Холандија и со Романија. На терен ќе ја имаме улогата на аутсајдер, но нема сомнеж дека репрезентативките ќе го остават срцето на терен и ќе сторат се за достојно да го престават националниот тим и својата држава.
Македонија ќе ја има најмладата репрезентација на шампионатот, а овие натпревари ќе бидат драгоцено искуство за девојките за во иднина, за остварување на големата желба, и женската национална селекција како и машката да биде редовен учесник на големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА