Поранешниот селектор на македонската ракоментна репрезентација, Ивица Обрван повеќе не е тренер на Загреб, потврди хрватскиот клуб. Обрван го напушта кормилото на тимот по 18 месеци поминати во главниот град на Хрватска, а во иднина тимот ќе биде предводен од досегашните помошници.
Промената на тренерското место доаѓа по лошиот старт на сезоната во Лигата на Шампиони каде по шест одиграни натпревари хрватскиот тим забележа само една победа, едно реми и четири порази.
Последен кој славеше против Загреб беше Динамо Букурешт кој гостувањето во Хрватска го доби со 28-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА