Наполи ќе биде сериозно ослабен за претстојното гостување во Бергамо откако од комбинација за настап против Аталанта отпадна Квича Кварашкелија. Тој е најдобар фудбалер на „наполитанците“ сезонава, со осум гола и десет асистенции во сите натпреварувања, па јасно е дека Спалети ќе има сериозен предизвик да го замени Грузиецот за ова незгодно гостување.
Грузискиот ас се пожали на болка во грбот, повреда од која лекарите не успеаја да го рехабилитираат навреме. Наполи попладнево обелодени дека Кварашкелија воопшто нема да патува со тимот во Бергамо, а покрај него во комбинација нема да биде ниту дефанзивецот Рахмани.
Елиф Елмас во стартните единаесетмина е една од опциите за Спалети на овој натпревар, а главен ривал на Македонецот во таа битка е италијанскиот репрезентативец Распадори, како трет играч во напаѓачкото трио крај Осимен и Лозано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА