Миовски – „кралот на головите“: И втор гол против Хиберниан, сега ефектно со глава (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со неверојатната гол-серија во шампионатот на Шкотска, постигнувајќи го и вториот гол за Абердин во 14. коло за водство од 2-0 против Хиберниан.

Миовски со вечерашните два гола стигна до бројката од 10 погодоци во Премиерлигата на Шкотска со кои сега е на само гол од лидерот на листата на стрелците, Хрватот Чолак од Глазгов Ренџерс.

Во 53. минута македонскиот напаѓач погоди ефектно со глава за водство од 2-0 на Абердин.

Претходно, како што е познато, во судиското продолжение на првото полувреме Миовски стрелаше и од пенал за водство од 1-0 на неговиот тим.

Се вчитува...