Миовски за аналите на Абердин: Го постигна 500-от гол за клубот во Премиершип на Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Абердин, со два нови погодоци партиципирајќи во победата од 4-1 против Хиберниан.

А, дополнително на сето тоа Миовски си се запиша и во историјата на Абердин. Првиот погодок на мечот за 1-0, кој го погоди од пенал, беше 500-от гол на Абердин во Премиершип на Шкотска.

Миовски сега, со 10 гола сезонава во шкотскиот шампионат, е на второто место на листата на најдобрите стрелци со само еден гол зад Хрватот Чолак од Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...