Силекс против „фенерџијата“ Скопје по нови бодови

Со натпреварот меѓу Скопје и Силекс денеска во Автокоманда стартуваат натпреварите од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс е во одлична низа натпревари, па без сомнение нов триумф за пробивање и на втората позиција на табелата веднаш пред Шкендија и Шкупи.

Јасно е дека кратовци се фаворити пред денешната пресметка, но јасно е и дека Скопје не се откажува од битката за опстанок, па секој натпревар го гледа како сериозна шанса за бодови, без разлика кој е противникот од спротивната страна.

Останатите натпревари од викенд колото се играат утре (6. ноември) со почеток од 13 часот.

ПМФЛ – 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС

УТРЕ (13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Прилеп: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...