Гвардиола му врати на Ибрахимовиќ: Точно е, не сум среќен кога Халанд дава по три гола на натпревар

Пеп Гвардиола во свој стил му врати на Златан Ибрахимовиќ по коментарите што шведскиот ас ги даде за Ерлинг Халанд. Златан го пофали Халанд како голгетер од највисока класа, но напомена дека стравува дека би можел да стагнира во Сити кај Пеп Гвардиола, бидејќи трофејниот тренер не сака играчи што би можеле да му ја „украдат славата“.

Гвардиола и Ибрахимовиќ се во војна уште од времето кога Златан настапуваше за Пеп во Барселона и соработката не траеше многу долго, а менаџерот на Сити иронично ги прокоментира изјавите на Ибракадабра на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Фулам.

„Во право е, тотално е во право. Во овој клуб, во оваа екипа на Манчестер Сити, моето его е над се останато. Точно е, не сум среќен кога Ерлинг Халанд ќе даде по три гола на натпревар и сите рефлектори се насочени кон него, многу сум му љубоморен. Дури и му реков, Ерлинг, престани со головите, затоа што весниците нема да пишуваат само за мене. Во право е, Златан очигледно совршено ме познава, можеби ќе напише уште една книга“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...