Лопетеги доби отказ од Севилја, па веднаш се пресели во Премиер-лигата

Хулен Лопетеги и официјално се сели во Премиер-лигата, откако овој англиски премиерлигаш објави дека постигнал соработка со трофејниот шпански стратег за преселба на „Молину“.

„Волците“ бараа нов стратег од почетокот на октомври, Лопетеги беше прв избор уште откако Шпанецот доби отказ од Севилја минатиот месец, но преговорите се искомпликуваа. Поранешниот шпански селектор најпрвин ја одби понудата на Вулверхемптон, но челниците на клубот останаа упорни во обидите да го ангажирааат, што на крајот вроди со плод.

„Волците“ денеска објавија дека Лопетеги и официјално ја прифатил нивната понуда, по што Шпанецот од 14 ноември ќе почне со работа со првиот тим.

 

Се вчитува...