Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна до нова победа во Втората фудбалска лига на Макеоднија откако во натпревар од 11. коло славеше на гостувањето во Виница кај Слога со 0-3.
Водство од 0-1 за „црвено-црните“ донесе Јаневски уште во 2. минута. На 0-2 зголеми Мицевски во 43. минута, додека конечните 0-3 ги постави Христов во 72. минута.
Гостивар забележа нова победа откако на домашен терен славеше над Аресими со 2-0. Стрелец на двата погодоци за гостиварчани беше Каланоски. Воска одигра само 2-2 со екипата на Кожув, а Пелистер загуби на гостувањето кај Караорман со 2-1.
Охрид славеше на гостувањето кај Беса со 1-3, а Беласица ја продолжи агонијата на Тетекс (4-0). „Фенерџијата“ Борец беше блиску до освојување на бод, но во последните моменти загуби од Пехчево со 3-2.
Детонит извлече реми (1-1) на гостувањето против Каменица Саса со голот на Смилков бо 96. минута од средбата. Претходно, домашните уште во 11. минута поведоа со голот на Тони Мичковски.
ВТОРА ЛИГА 11. КОЛО:
СЛОГА ВИНИЦА – ВАРДАР 0-3
ВОСКА – КОЖУФ 2-2
ГОСТИВАР – АРЕСИМИ 2-0
КАРАОРМАН – ПЕЛИСТЕР 2-1
БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС 4-0
БЕСА – ОХРИД 1-3
КАМЕНИЦА САСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1
ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – БОРЕЦ 3-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА