„Граѓаните“ се извлекоа во 95. минута: Халанд од пенал за триумф над Фулам (ВИДЕО)

Манчестер сити останува со максимален победнички ефект на домашен терен сезонава во Премиерлигата, откако и во 15. коло успеа да слави од пенал во 95. минута против Фулам, и покрај тоа што цели 70 минути играше и со играч помалку.

Кога се чинеше дека првпат сезонава „граѓаните“ нема да дојдат до целиот плен на домашен терен, во гостинскиот шеснаесетник во третата минута од судиското продолжение беше соборен Де Брујне за оправдан удар од белата точка кој во 95. минута успешно го реализираше Халанд.

Сити одлично го почна мечот со голот на Алварез уште во 16. минута од средбата.

Сепак, следеше црвениот картон на Кансело во 26. минута за домашните, и погодокот од пенал на Переира во 28. минута за израмнување на 1-1.

Во најубавиот денешен натпревар во Премиерлигата, Лидс славеше со 4-3 против Бурнмаут. Победата ја донесе Самервил во 84. минута од средбата.

ПРЕМИЕРЛИГА – 15. КОЛО

Манчестер сити – Фулам 1-1

Лидс – Бурнмаут 4-3

Нотингем Форест – Брентфорд 2-2

Вулверхемптон – Брајтон 2-3

Се вчитува...