Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Франција 14-24 во натпревар од 1. коло во Ц групата на Европското првенство 2022 година.
Најдобриот поединец на Македонија на мечот, голманката Јована Мицевска по мечот изјави дека срцето и било полно на почетокот на мечот…
„Многу еуфорично тргнавме, кога ја видов салата полна ми се наполни срцето. Првпат игравме во сала полна со наша публика и беше феноменално. Не бевме во грч на стартот, мислам дека системот во кој работат во Франција е многу подобар, говорам за лигата, а и играчите кои играат за противникот се во силните лиги и во Лигата на шампионите. Сакам да се заблагодарам на публиката за поддршката, се надевам дека во следните мечеви ќе бидеме барем двапати подобри од овој дуел со Франција“, изјави Мицевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА