Ледецки го урна рекордот на 800 метри слободно

Една од најдобрите пливачки на сите времиња, Американката, Кејти Ледецки го урна рекордот на 800 метри слободно во мали базени.

Пливачката од САД делницата од 800 метри на митингот во Индијанаполис кој е дел од Светскиот куп ја исплива за време од 7:57.42 минути.

Ледецки со ова време го подобри за скоро две секунди досегашниот светски рекорд (7:59.34) кој беше сопственост на Шпанката, Миреја Белмонте кој беше остварен во Берлин во 2013 година.

 

Се вчитува...