Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од олимпискиот шампион Франција 14-24 го стартуваше настапот на Европското првенство 2022 година.
Нашите репрезентативки по првото коло со 14 постигнати погодоци се на последната позиција во оваа тимска статистичка категорија.
Левото крило Јована Саздовска го има вториот најбрз спринт по првата рунда на шампионатот. Прецизните статистичари на вчерашниот меч против Франција и измерија на Саздовска спринт од 28.33 километри на час, што е втор најдобар по првата фаза. Побрза од неа беше само Полјачката, Мариола Вјертелак која истрча 28.51 километар на час.
Моника Јанеска е трета кога во прашање се успешните додавања во првите мечеви. Централниот бек на Македонија на вчерашниот меч имаше 233 успешни додавања, што е доволно за трето место во оваа статистичка категорија. Пред Јанеска само се Валентина Блажевиќ од Хрватска со 257 додавања и Керстин Кундиг од Швајцарија со 253 додавања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА