Здружението на граѓани „Никола Мантов“ денеска ја предаде во користење салата за фитнес и теретана на ФК Осогово, како начин за подобрување на условите за работа на фудбалерите на третолигашот од Кочани.
Како што информираат од здружението Осогово сега е прв клуб со сопствена теретана во Источна Македонија.
„Благодарност за поддршката до ‘Наше осигурување’ – Кочани, ‘Тиквеш Тим’ – Кочани, Здружение на возачи Кочани, Chapter 4 Скопје, ‘Современ дом’ – АД Прилеп и нашите сограѓани Александар Стојанов – Сани, Драган Јорданов, Иле Манасиев, Мишо Наумов и сите кои се одзваа на нашата покана“ – истакнаа од здружението „Никола Мантов“ на денешната мала свеченост на која беше пуштен со работа фитнес-центарот за ФК Осогово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

