Прва победа на Работнички: Во драматичен финиш триумф над ТФТ!

Кошаркарите на Работнички ја запишаа првата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи во драматичен меч со 83-82 против ТФТ во 5. коло.

Максимално израмнетиот натпревар заврши со триумф на Работнички благодарение и на промашеното слободно фрлање на Костоски на осум секунди до крајот на мечот. Костоски имаше две слободни фрлања при водство од 83-81 на домашните, но искористи само едно за победа на Работнички.

Претходно, домашните кошаркари убаво го почнаа дуелот добивајќи ја првата четвртина со 24-19. ТФТ возврати во вториот период, за предност од еден поен на полувремето. Низ игра поен за поен во второто полувреме, на крајот и среќата ги посака домашните за, во секој случај, заслужена победа.

Најдобар поединец кај Работнички беше Џексон со 34 постигнати поени, а Камерун Форте заврши со „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и 15 скока. Со 12 постигнати поени мечот го заврши и Филип Бакоч.

Кај гостите шест кошаркари имаа двоцифрен ефект, а најефикасни со по 15 поени беа Мекфраер и Андерсон. Николов заврши со 12 поени и шест скока.

Се вчитува...