ФОТО НА ДЕНОТ: „Фалангата“ со фешта ја прослави победата на Брегалница над „лутиот“ ривал Тиквеш

Брегалница триумфираше со 2-1 против големиот ривал Тиквеш во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Ѓокиќ и младинскиот репрезентативец Кудев беа стрелци на головите за триумф на Брегалница, кој следеше благодарение и на максималната поддршка која фудбалерите ја имаа во текот на сите 90 минути од најверните свои навивачи „Фалангата“ која со фешта за паметење ја одбележа петтата победа за штипјани сезонава во шампионатот.

Шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски со тројца младинци го почна мечот, во комбиниран состав чувајќи ги силите за четвртфиналето во Купот на Македонија против Струга ТЛ во среда (9. ноември), но и тоа беше сосема доволно за победа против секогаш „лутиот“ ривал Тиквеш…

Се вчитува...