Тотенхем на колена пред Салах и Ливерпул… (ВИДЕО)

Мохамед Салах е херојот на Ливерпул во победата од 1-2 на гостувањето против Тотенхем во Лондон во 14. коло од Премиерлигата.

„Црвените“ слават против уште еден ривал сезонава, сега на гостински терен против Тотенхем во меч кој го одлучија со двата погодоци на Мо Салах уште во првото полувреме.

Салах најпрво во 11. минута погоди за 0-1, а потоа стрелаше и во 40. минута за 0-2.

Домашните единствено успеаја да го ублажат поразот со голот на Хари Кејн во 70. минута, а на асистенција на Кулушевски.

Се вчитува...