Македонскиот офанзивец Мартин Мирчевски го постигна својот шести гол сезонава во дресот на ТСЦ Бачка Топола, но не успеа да го спаси од пораз својот тим во дуелот со белградски Партизан.
Мирчевски во игра влезе во 70. минута од средбата, успеа да погоди во 80. минута за израмнување на резултатот на 2-2 во тие моменти, но Партизан со голот на Урошевиќ во 86. минута, сепак, успеа да дојде до трите бода.
ТСЦ Бачка Топола по 18 кола е на третата позиција на табелата со 36 бода, сега четири бода помалку од второпласираниот Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

