Халанд: Пеналот против Фулам беше еден од најнервозните моменти во мојата кариера

Напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд ги спаси „граѓаните“ во последната минута и обезбеди голема победа над Фулам со човек помалку.

Норвежанецот започна на клупата за резерви, а доби шанса во вториот дел. Тој ја презеде одговорноста во завршницата и не погреши, продолжувајќи ја голгетерската серија во Премиер-лигата.

„Ова беше еден од најнервозните моменти во мојата кариера. Но, беше фантастично. Пенал во последната минута, нормално е да има нервоза. Чувството по голот беше неверојатно“, изјави норвешкиот напаѓач.

Халанд сега има осумнаесет гола и е лидер на листата на стрелци во англиското првенство. Далеку зад него на второто место е Хари Кејн со десет реализации.

Се вчитува...