Конечно одекна гласот на Артета: Арсенал е во трка за титулата во Премиер лигата

Арсенал влера запиша победа во градската пресметката со Челси (1-0) со што одново си го врати првото место на табелата во Премиер лигата.

Ова за составот од северен Лондон 11. триумф во 13 натпревар, односно сезонава има загубено само пет бода (Саутемптон и Манчестер Јунајтед) што е навистина импресивно. Во јавноста веќе некое време има дебата за тоа дали Арсенал е навистина кандидат за пехарот, „топџиите“ досега одбиваа да говорат на оваа тема, но по овој одличен резултат менаџерот Микел Артета призна дека во моментов се во позиција која им нуди надеж за пехарот.

„Сега сме во трка. Но во фудбалот денес и утре се многу различни. Затоа да уживаме во времето. Погледнете ги само последните шест години и што Манчестер Сити. Со најдобриот менаџер во светот, најдобриот тим во светот. Покажаа конзистентност во секое натпреварување. Тоа мораме многу, многу да го почитуваме тоа. Стануваме многу подобри како тим и многу подобро се натпреваруваме. Во моментов добиваме навистина добри резултати, но се работи за подолго време“, порача Шпанецот.

Се вчитува...