Кошаркарите на Кливленд Кавалирс продолжуваат со одличните партии во тековната сезона. Тимот предводен од Џеј Би во неделата како гостин го победи Лос Анџелес Лејкерс со 114-100 и сега има импресивен скор од 8-1 на стартот од сезоната.
Натпреварот беше посебен за кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс, играч кој двапати играше за тимот од родниот Охајо и на кого му ја донесе титулата шампион во НБА во 2016 година.
Лејкерси имаа активен резултат по првото полувреме, дури често водеа во тој дел од играта. Сепак, во вториот дел се случи пресврт, домаќините постигнаа вкупно 36 поени во третата и четвртата четвртина.
На крајот најдобар кај Кливленд беше Донован Мичел со 33 поени, а Дариус Гарланд имаше 24 поени и 7 асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=IvdnUyC169k&feature=emb_logo
Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот се одиграа три натпревари во НБА лигата, а победија Гризлис, Репторс и Јута Џез.
Мемфис на домашен терен го победи Вашингтон со 103-97. По падот во третата четвртина, Гризлис направија решавачка серија од 9-0 во последната четвртина со Моренто на кормилото. Најефикасен беше Дезмонд Бејн со 28 поени, со 3 скока и 4 асистенции, а Џа Морент имаше 23 поени, 9 скока и 6 асистенции.
Како домаќин, Торонто го победи Чикаго со 113-104, а најдобар играч беше Фред ВанВлит, кој се врати од повредата, со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=WhtFYJ4Kt0I&feature=emb_logo
Во последниот меч од вечерта Јута како гостин ги победи Клиперс со 110-102, па сега има изненадувачки 8-3. Џордан Кларксон беше најдобар со 23 поени, 3 скока и 5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

