Микел Артета, актуелниот менаџер на Арсенал, со победата над Челси влезе во историјата на лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“.
Тој успеа да го надмине легендарниот Арсен Венгер, последниот тренер кој успеал шампионската титула да ја донесе во витрините.
Арсенал сезонава има сезона од соништата со прво место и дури 11 победи во 13-те досегашни мечеви во Премиер-лигата, па лондончани најавуваат дека се печени за шампионскиот трофеј, иако е поминато нешто помалку од третина од сезоната.
Артета за пет победи успеа да го надмине Венгер после првите 150 мечеви на клупата на гигантот од „Емирати“, па шпанскиот стратег успеа да оствари 87 триумфи, додека досегашниот најдобар менаџер во историјата Венгер имаше 82 победи во првте 150 меча, колку и Џорџ Грахам, а Хари Брашоу е четврти со 78 победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

