Нејмар: Што повеќе ме тепаат, толку повеќе сакам да ги дриблам

Нејмар кој пред пет години се пресели од Барселона во ПСЖ во трансфер вреден 222 милиони евра открива дека не бил свесен колку физички напорно е француското првенство.

Бразилецот вели дека за да се избегне повреда мора да биде внимателен и концентриран, но „тепањето“ на противниците е дополнителна инспирација за да ги исфрли од игра со дриблинг.

„Не бев свесен колку физички напорно е овде и со каков интензитет се игра. Единствен начин да ги избегнеш грешките и повредите кои ги добивав во минатото поради брутални прекршоци е да бидеш внимателен и концентриран. Што повеќе ме тепаат јас толку повеќе сакам да дриблам. Единствено така можам да се заштитам од стартовите“, вели Нејмар.

Нејмар за ПСЖ одигра 163 натпревари на кои постигна 115 гола, а асистираше за 72. Со „Светците“ освои 12 титули, сите во францускиот фудбал.

Се вчитува...