БИ-БИ-СИ го смести Бојан Миовски во тимот на колото

Престижниот Би-Би-Си од Шкотска, го смести македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во тимот на колото на Шкотска. Македонецот сосема заслужено се најде во најдобриот тим, после двата гола во дуелот со Хиберниан.

Миовски најпрво од пенал во судиското надополнување од првиот дел донесе водство, а потоа во 53. минута со уште еден гол ја најави победата на својот Абердин, со која се искачи во првата „тројка“ во Шкотска.

Македонскиот фудбалер со 10 голови е на второто место на листата на стрелците. Само Антонио Чолак од Ренџерс е пред него со 11.

Се вчитува...